Search

Водени топови и солзавец на улиците во Париз

Во близина на триумфалната капија во Париз попладнево избија судири помеѓу полицијата и учесниците на протестите на движењето „Жолти елеци“.

Полицијата употреби солзавец и водени топови врз демонстрантите од кои дел носеа гас маски. Како што претходно јави „АП“, протестниот марш почна кај Триумфалната капија, а планирано е да заврши кај Луксембуршкиот парк, недалеку од зградата на францускиот Сенат.

Протести се случуваат и во други градови во земјата.

Движењето „Жолти елеци“ организираше 17. протест по ред, поради несогласувања со политиката на владата, која ја обвинуваат дека ги фаворизира богатите.

На протестите денеска учествуваа повеќе стотици луѓе.

Иако за овој викенд „Жолти елеци“ најавија поголем број на луѓе на улиците, тенденцијата на намалување на нивниот број продолжува.

Треба да знаете
Последни објави