Search

Водени топови за демонстрантите против средбата на Г7

 

Француската полиција употреби водени топови против 400 демонстранти кои протестираа против средбата на врвот на Г7 во Биариц. Полицијата ги затвори и патиштата во соседниот град Бајон.

Протестите во Бајон беа во најголем дел мирни, но на крајот денонстрантите почнаа да фрлаат кон полицијата со камења. Полицијата возврати со предупредувачки истрели и потоа и водени топови.

Инцидентот беше во близина на мост во градот што беше затворен од полицијата како дел од мерките за безбедност во врска со средбата на врвот во Биариц.

Треба да знаете
Последни објави