Search

Воведена забрана за камиони на планинскиот превој Буково

Поради интенизивните снежни врнежи воведена е забрана за движење на камиони на патниот правец Ресен-Битол, информираат од Авто мото-сојузот на Макдонија.

„Од 13:20 часот се воведе забрана за ТМВ, на патниот правец Ресен-Битола на планинскиот превој Буково“, соопштија од АМСМ.

Поради интенизивните снежни врнежи на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан воведена е забрана за сообраќај на камиони. Забрана за движење на тешки товарни возила и натаму има и на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека, патот Прилеп-Македонски Брод на планинскиот премин Барбарос како и на патниот праевец Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица

Треба да знаете
Последни објави