Search

Внукот на кралицата сподели видео со онлајн-фитнес програма, фановите одушевени

Помладиот син на леди Сара Чато работи како персонален фитнес-тренер додека студира на Универзитетот во Единбург.

Во октомври беше објавено дека внукот на принцезата Маргарет, Артур Чато, ќе биде личен тренер во новоотворената спортска сала во Единбург, „Баунд-фитнес“, додека студира.

А сега во период кога спортските сали се затворени, Артур глуми во своето прво видео за онлајн-тренинг, а фановите на мускулестиот и најпосакуван кралски ерген се многу среќни поради тоа, коментираат британски таблоиди.

Сите фанови се согласни дека инструкторот има клучна улога за ефективен тренинг во домашни услови.

Иако јавноста не го знае многу, Артур (21) ги освои социјалните мрежи на кои открива многу повеќе од кој било член на монархијата.

Треба да знаете
Последни објави