Search

Внатре во замокот каде Кардашијанови ја снимаа последна епизода на реалното шоу

Хациендата во Саут Лејк Тахо, каде што во четвртокот се снимаше финалето на „Дружење со семејството Кардашијан“ – мегазамок распространет на имот од 15 акри, со 17 спални соби – 18 бањи – може да се изнајми по цена од 6,300 американски долари за една ноќ.

Имотот е наречен Gunbarrel Lodge, според Tahoe South Vacation Rentals, и располага со девет кинг-сајз спални соби со кралски кревети, четири спални соби со по два брачни кревети и четири спални соби со еден брачен кревет.

 

Повеќе шоубиз медиуми ја покажаа импресивната вила за финалето на долгогодишната ентертејнмент-серија што ги вивна Кардашијанови до меѓународна слава, а сега кланот тука го поминува зимскиот одмор.

Во емисијата во четвртокот, Крис Џенер и нејзините ќерки Ким, Кортни и Клои Кардашијан и Кендал и Кајли Џенер отидоа во раскошниот имот со активности вклучително и забава на снег и сикрет санта (таен Дедо Мраз).

Треба да знаете
Последни објави