Search

Внатрешните делови на рестораните во Словенија повторно работат

После точно два месеци во Словенија од утрово се отворени и внатрешните делови на рестораните и кафулињата, јави дописникот на МИА од Љубљана. Викендот што измина сопствениците на угостителските објекти го искористија за адаптација на овие простори за да можат од денес да работат почитувајќи ги сите препораки за заштита од коронавирусот.

И покрај тоа што земјата прогласи крај на епидемијата, сите гости при при влегувато во затворениот дел од рестораните и кафулињата задолжително ќе мораат да носат заштитни маски, се до оној момент кога ќе седнат на масите, кои ќе бидат меѓусебно раздалечени два метри. Персоналот ќе мора цело време да носи маска, а објектот редовно ќе се чисти.

Со ваквата одлука се задоволни во словенечката Комора на угостители, бидејќи се желеа дека работата само на надворешните делови од објектите не е доволно тие да бидат рентабилни.

Треба да знаете
Последни објави