Search

ВМРO-ДПМНЕ: Одлуката на Рама шамар за Заев и Спасовски

Одлуката на Еди Рама за отворање на границите само за дел од граѓаните кои се со албанско потекло е уште еден шамар за владата на Спасовски и Заев, и огромен неуспех за умислениот прв човек на дипломатијата Димитров, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, ова е нов пораз на владата на Заев затоа што одлуката е дискриминаторска и навредлива.

„За само неколку месеци неспособната владата на Заев влезе во нетрпеливост и создава проблеми со сите соседи. Освен договорот со Грција, се случи блокада на интеграциите од Бугарија, Пендаровски доби врел шамар од Белград поради мешањето во внатрешните работи и преговори помеѓу Приштина и Белград, а еве сега нов пораз и од Албанија.Оттука прашуваме некадарната дипломатија на Димитров и неспособната влада на Заев на кој начин реагираа на одлуката на Албанија, превземаа ли нешто или и овој пат ќе си премолчат за овој нов пораз?За неколку месеци неколку порази и отворени прашања со соседите е резултатот на неспособноста на Заев и владата во заминување“, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави