Search

ВМРО-Народна: Нацијата жртвуваше многу, но стратешките цели се остваруваат

Можеме слободно да заклучиме дека во овие тешки моменти Македонија успеа да го одржи зацртаниот правец уште од осамостојувањето, односно да ги заокружи стратешките заложби за нејзина Европска и НАТО-интеграција, велат во соопштение од ВМРО-Народна партија.

„Жртвата која нацијата ја поднесе за да дојде до реализација на овие стратешки цели е преголема па затоа оваа голема победа ја посветуваме токму на македонскиот народ, на сите оние кои придонесоа за нејзино насочување на патот до интеграциите, но и на сите кои го дадоа животот за таа да биде суверена и уште посилна во иднина“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава дека периодов сите ресурси треба да бидат насочени во борбата против коронавирусот, а потоа чекаат  предизвиците и реформите кои ги носи процесот на пристапување во ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави