Search

ВМРО-Народна: ДПМНЕ прави диверзии со членови кои никогаш не се појавиле во нашата партија

ВМРО-Народна партија се оградува од постапките на, како што велат, таканаречени членови кои на прес-конференции се изјаснуваат дека ја напуштаат партијата за да преминат во ДПМНЕ.

„Ниту е прв, а ниту последен пат ДПМНЕ да прави таканаречени диверзии со некакви членови кои ниту се појавиле во ВМРО-Народна партија ниту фигурираат во архивските списи како членови“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека со ваквите постапки ДПМНЕ само го покажува стравот од силна ВМРО-Народна партија.

Треба да знаете
Последни објави