Search

ВМРО-ДПМНЕ: Toa што сега има странски инвестиции е по наша заслуга

Граѓаните се свесни дека СДСМ и Заев ја урнисуваат економијата. За две години колку што се на власт долгот е зголемен за над половина милијарди евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението на владејачката СДСМ дека напредокот на земјата се рефлектира и врз напредокот на економијата.

„Вчера Драган Тевдовски потврди дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ во економијата биле добри. Тоа што сега има странски инвестиции кои ја реинвестирале добивката е резултат на успешните политики на ВМРО-ДПМНЕ во минатото“, стои во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека граѓаните сега се посиромашни, поради што, како што велат, Зоран Заев и неговата криминална влада мора да си одат.

Од опозициската партија додаваат дека победата на претседателските избори на Гордана Силјановска-Давкова ќе биде гласило за распишување на предвремени парламентарни избори.

Треба да знаете
Последни објави