Search

ВМРО-ДПМНЕ 11 години го погазуваше правото, сега само брани криминал, судството денес е независно и постапува неселективно

ВМРО-ДПМНЕ 11 години го погазуваше правото, сега само брани криминал, судството денес е независно и постапува неселективно

ВМРО-ДПМНЕ е синоним за неправда, погазување на човековите права и слободи, нарачувања судски процеси и пресуди.

Откако 11 години владееше криминално, погазувајќи го правото и правната држава, денес единствената агенда на ВМРО-ДПМНЕ е одбрана на криминалот и криминалците. Тоа, само докажува дека Христијан Мицкоски е дел од криминалната матрица на Никола Груевски.

Времето на селективна правда и неправда, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Денес Северна Македонија е правна држава во која законите важат за сите подеднакво.

Судството е независно и постапува согласно своите законски ингеренции.

Секој оној кој постапувал незаконски одговара за своите постапки без разлика на неговата етничка, верска, национална или политичка определба.

Треба да знаете
Последни објави