Search

ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди поевтини мобилни услуги

Македонија не смее да продолжи да стагнира. Граѓаните очекуваат државата да тргне напред. ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија, на кој се обврзуваме.

Граѓаните имаат потреба од намалени цени на мобилни услуги, во таа насока ќе отпочнеме постапка за влез на трет мобилен оператор во Македонија. Што ќе доведе до понуда на услуги со поголем квалитет и понатамошно намалување на цените во мобилната телефонија и мобилниот интернет.

Во 2020 и 2021 ќе продолжи намалувањето на цените на услугите кои граѓаните на Македонија ќе ги добиваат во роаминг во државите од Западен Балкан, а од 2022 цените на тие услуги ќе бидат еднакви со цените на услугите кои се обезбедуваат во Македонија по примерот на RLAH (Roam Like At Home). Ќе се направат напори да се потпишат спогодби и со останати држави, а особено со државите членки на ЕУ.

Ќе иницираме формирање на професионално тело за саморегулација на медиумите, под закрила на АВМУ, со учество на релевантните медиумски организации. Намерата на ова тело ќе биде да ја намали потребата за ангажирање на другите државни институции, како судовите или обвинителството, во спорови кои произлегуваат во медиумската сфера. Телото би било репрезентативно на различните новинарски здруженија и медиуми, и преку јавни седници би давало мислење за претставки поднесени од страна на граѓани, носители на јавни функции, стопанственици… кои сметаат дека одреден медиум ги прекршил етичките правила на известувањето кога објавил вест за подносителот. Новинарите кои се соочуваат со тужба, исто така, ќе можат да побараат мислење од телото. Политичките партии кои го поддржуваат формирањето на телото би ги повикале своите претставници да ги почитуваат неговите одлуки, и да се воздржат од судско гонење на новинари доколку телото утврди дека новинарот постапил етички и коректно во известувањето.

Дополнително за медиумите ќе се заложиме за ослободување од прекумерна регулација.

Зоран Заев изминативе години докажа само дека може повеќе да краде, да рекетира и да се богати. Мора да ставиме крај на овој грабеж. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

 

Треба да знаете
Последни објави