Search

ВМРО-ДПМНЕ ќе бара специјална комисија за справување со Ковид-19

ВМРО-ДПМНЕ ќе бара да се формира специјална комисија за справување со Ковид-19, која што ќе ја гласа Собранието по предлог од Владата, беше одлучено на синоќешниот состанок на Извршниот комитет на партијата.

Комисијата според предлогот на ВМРО-ДПМНЕ треба да содржи 11 члена, меѓу кои министерот за здравство и директорот на Центарот за Управување со кризи, а останатите членови да бидат инфектолози, епидемиолози, имунолози и интернисти.

Претходно од партијата обвинија дека СДСМ политизираше сѐ, вклучувајќи ја и Комисијата за заштита од заразни болести, како и дека одлуките се политички, а не стручни.

-Комисијата за заразни болести, од почеток ја води погрешно работата, без план и стратегија, само да се задоволат апетитите на власта. Тоа предизвика Македонија да нема втор есенски бран, туку континуиран бран со пикови, кои се секој ден сѐ поголеми, стои во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави