Search

ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребуваше администрацијата за контра-протести, денес администрацијата е професионализирана и учествува во еколошки акции за општо добро

Колку е загубено ВМРО-ДПМНЕ со тоа што е против акција за чистење ќе ценат граѓаните. Режимската матрица ја држи заробена оваа партија во моделот на злоупотреби на се, најмногу на јавната администрација, затоа не може да се надмине ниту за еколошка акција за општо добро, поддржана од активисти и здруженија. Огромна е разликата помеѓу прогресивната СДСМ и криминалната ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ 11 години администрацијата ја залоупотребуваше за контра-протести и списоци за гласање. Денеска администрацијата е професионална и учествува во акции за општо добро, за почиста средина и поттикнување на еколошката свест. Сите ја поддржуваат утрешната акција за чистење само ВМРО-ДПМНЕ е против. Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, нема еколошка свест, после 11 години постојано загадување, ја загубиле целосно.

Очигледно стравот од извесниот пораз на претстојните парламентарни избори кулминира во белиот дворец од каде освен лаги се прикажува и вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, партија која е против здравата животна средина, добробитот и интересите на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави