Search

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е најнеуспешниот градоначалник на Скопје

Крадоначалникот на Скопје треба да одговори под кои околности е даден тендерот за прескапото китење на градот, и кој се фамозните спонзори од 100 илјади евра за прославата за Нова година на Градскиот плоштад?

Дали тоа што не ги соопштува значи дека се финансира прославата со црни пари?

И колку проценти зема од продажбата на Градската куќа?

Зошто градот наместо најголем решавач на проблемите на град Скопје, стана главниот набавувач на ракија во земјава?

Петре Шилегов е срам за Скопје. Тој е најнеуспешниот градоначалник чии лепливи прсти ги има во секоја пора од градот.

И на крај господинот Шилегов добро е да одговори колку од автобусите кои се паркираа пред салата Борис Трајковски кои ја донесоа напатената и под присила донесена администрација го исполнуваат високиот еуростандард?

Треба да знаете
Последни објави