Search

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов вработил над 1.000 партиски војници за две години, додека претпријатијата бележат загуби

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје посочува дека градоначалникот Петре Шилегов ја пренатрупува градската администрација со неквалификувани партиски кадри, нови вработувања кои се платени со парите на граѓаните.

-Неформалните бројки говорат дека Шилегов за две години вработил над 1.000 партиски војници во Град Скопје и неговите јавни претпријатија. Над 1.000 партиски војници Шилегов вработил за цели две години, додека претпријатијата бележат загуби. Се случува вистинско девастирање и уништување на градските претпријатија. Голем дел од овие кадри се неквалификувани за работните позиции, и не ги исполнуваат законските одредби, за што страдаат квалификувани кадри кои не ја добиваат шансата за ново работно место. Дополнително Петре Шилегов ветуваше мала и стручна администрација, но од овие ветувања нема ништо. Јавните претпријатија станаа партиско дувло за членови на СДСМ и главен извор за непотизам. Две години Петре Шилегов, две години неспособност, стагнација и криминали, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави