Search

ВМРО ДПМНЕ: Шекеринска не само што не ги исполни ветувањата, туку го наруши безбедносниот систем на Република Македонија

Шекеринска не само што не ги исполни ветувањата, туку го наруши безбедносниот систем на Република Македонија.

Министерката за одбрана не го спомнува одливот на професионални војници и старешини кои не сакаат повеќе да се дел од Армијата, затоа што состојбата во војската е загрижувачка за земја членка на НАТО.

Непочитувањето на безбедносните процедури на армијата говори за тотално не познавање на армиските акти и законските прописи во делот на одбраната. Одлагањето на меѓународните проекти заради неспособност да се овозможат услови за нивно одржување, рушење на критериумите за упатување во мисиите се дел од она што оваа власт може да се пофали.

Шекеринска наместо да работи да им овозможи на војниците подобри услови за работа, во 21 век се појавува шуга низ касарните на Армијата, катастрофални се условите во кои работат војниците во касарните, а опрема сеуште недостига за сите војници. Сомнителните набавки на инженерски машини по двојно поскапа цена, манипулациите со безбедносните сертификати и објавувањето на класифицирани мапи од страна на министер е недозволиво.

Шекеринска треба да одговори зошто го уништи Полкот за специјални единици, зошто го уништи Тенковскиот батаљон и зошто ја уништи Воздухопловната бригада?

Скап пи-ар и шетање по касарните не е модернизирање на армијата, за која оваа власт нема набавено ниту едно ново средство, ниту пак опремата чизмите стигнаа до сите војници.

Недоволна грижа за потребите на војниците кои Шекеринска ги злоупотреби во политичка кампања е вистинското лице на оваа лицемерна власт.

ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Шекеринска добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.

Треба да знаете
Последни објави