Search

ВМРО-ДПМНЕ: Цената на горивата за две недели се зголеми за над 10 денари по директно барање на СДСМ

Денес нема да излезе во јавност ниту Коста Петров ниту Заевиот советник Битиќи да соопшти дека зголемувањето на акцизата нема да влијае на стандардот на граѓаните затоа што цената на горивата вртоглаво расте. Го измамија и излажаа народот. Реалноста е дека денешната одлука за покачување на цената на горивата и до 3 денари е дел од грабежот врз граѓаните и стопанството кој СДСМ го започна со покачувањето на акцизата.

За неполни две недели имаме покачување на цената на горивата за повеќе од 10 денари.

Првин беше нелогичното покачување на акцизата за 3.5 денари, потоа на 11 мај следеше покачување за нови 3.5 денари, за на 11 мај да имаме повторно покачување од 1 денар, денешното покачување во низа за период од две недели допринесе граѓаните да плаќаат 10 денари повеќе за литар бензин, во споредба од пред две недели.

Во ек на корона криза, кога економијата трпи огромни штети, давачките за горивото – основен енергенс и двигател на многу дејности дополнително се зголемуваат и тоа по директно барање од страна на СДСМ.

Владата буквално го зема и последниот денар од граѓаните и стопанствениците, само за да ги покрие дупките во буџетот кои се настанати од нивното неработење и недомаќинско управување.

СДСМ ја турка државата кон амбис, а граѓаните и стопанството кон општа сиромаштија. Потребна е итна стратегија за излез од кризата. Со СДСМ тоа не е можно. ВМРО-ДПМНЕ има план и стратегија за обнова на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.

 

 

Треба да знаете
Последни објави