Search

ВМРО-ДПМНЕ: Царовска не се грижи за децата без родители

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска не се грижи за децата без родители.
Наместо да се залага да им се обезбедат соодветни услови за живот, таа ги затвoра институциите каде тие се сместени, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по соопштението дека годинава 60 отсо од децата се извадени од социјалните установи за да рфастат во подобри услови.

„Со сместувањето на децата со ваков статус во мали групни домови, Царовска не обезбедува добри и квалитетни услови за нивниот живот. Дали со сместувањето во мали групни домови, Царовска ќе овозможи богатење на своите блиски соработници од СДСМ преку исплата на високи кирии за тие домови? Повеќе од очигледно е која и е намерата на Царовска за деинституционализацијата на групните домови“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата додава дека народот ќе ја увиди реалната слика на оваа мерка и ќе стави крај на црнилата.

Треба да знаете
Последни објави