Search

ВМРО-ДПМНЕ: Хаосот со вакцинирањето настана поради кампањата на Филипче и Заев

Хаосот во врска со вакцинирањето на децата настана токму поради кампањата на Филипче и Заев дека ако граѓаните ја поддржат промената на името, со влезот во Европската Унија ќе има квалитетни вакцини, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Од опозиција во 2011 година СДСМ водеше кампања против вакцинирањето во ек на епидемија. Сега, според СДСМ од власт, вакцинирањето е задолжително и e обврска за родителите. На кој СДСМ граѓаните треба да му веруваат? На оној што свесно креира паника против вакцинирањето и придонесе за антивакциналното расположение или на овој сега што ја предводи Владата?

Јасно е дека децата треба да се вакцинираат, а Филипче и Заев да престанат да манипулираат со јавноста. Тие ги лажат родителите на децата. Филипче по ова треба веднаш да поднесе оставка“, се вели во реакцијата.

Треба да знаете
Последни објави