Search

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ не направија ништо за домашната и итната медицинска помош

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Венко Филипче

„Владата на СДСМ заедно со министерот за здравство Венко Филипче за овие три години целосно го уништија здравствениот систем во државата.

Не направија ништо за домашната и итната медицинска помош, па сега одлучија пред избори се фалат со набавки на амбулантски возила, иако итната медицинска помош посебно во подрачјето на Скопје беше преполовена.

Граѓаните не добија ништо од тоа што им беше ветено од страна на СДСМ пред да дојдат на власт.

Освен доцнење на услуги, несоодветни услуги поради заминување на медицински персонал, граѓаните не добија ништо друга од оваа ненародна влада.

За сето ова СДСМ и Филипче ќе одговараат. Ќе одговорат за поразите, измамите и криминалите од нивна страна. По 12 Април следува обнова на Македонија и одговорност за нивното „работење“.

Треба да знаете
Последни објави