Search

ВМРО ДПМНЕ: Филипче и СДСМ доживеаја фијаско во справувањето со корона вирусот

Министерот за здравство Венко Филипче и владата предводена од СДСМ се грижат само за своите лични интереси.

Грижата на владеачката СДСМ е насочена само кон тоа како да се намали поразот на Зоран Заев.

Во период кога бројката на новозаболени од корона вирус бележи само пораст, тие прават себепромоција.

Двамилионска Македонија во последното денононоќие бележи нови 37 лица заболени од корона вирусот, а двамилионска Словенија прогласи крај на епидемијата и последнователно деновиве нема нови случаи.

И додека во земјите од регионот главна тема е опоравувањето и справувањето со економските последици, во Македонија сеуште се бројат новозаболени лица, лица кои добиваат решенија за самоизолација  и изолација.

Сето ова се должи на задоцентите и несоодветни мерки.

Кога на почетокот на ситуацијата со корона вирусот ВМРО-ДПМНЕ  предупредуваше да се преземат мерки, власта молчеше.

Едно е јасно, Филипче и СДСМ доживеаја фијаско во справувањето со корона вирусот.

Ја ставија Македонија на врвот на листата по број на починати, на врвот на листата по број на заболени.

Треба да знаете
Последни објави