Search

ВМРО-ДПМНЕ: Угостителите од Охрид бараат дополнителни мерки за помош

Во рамките на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за комуникација со граѓаните “вашите проблеми, заеднички решенија-ја сакам Македонија”, до нашата партија и денес пристигнаа десетици сугестии, предлози и проблеми со кој се соочуваат граѓаните.

Граѓанин од Велес апелира власта да постави пунктови со дезинфициенси и антисептици на сите поголеми раскрсници во градовите низ државата, како и на други места кај што вообичаено поминуваат повеќе луѓе.

Бесплатни заштитни маски и ракавици за сите граѓани над 55 години бара граѓанин од Битола.

Угостител од Охрид бара дополнителни мерки за угостителите, кои како што пишува не се опфатени со мерката на Владата, а тоа се неколку илјади работници кои работат во хотелите, рестораните, кафеаните и кафичите, објекти кои не работат веќе половина месец.

Ги повикуваме граѓаните предлозите и сугестиите да продолжат да ги проследуваат по пат на електронска пошта до zaednicki.resenija@vmro-dpmne.org.mk .

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со овој начин на комуникација и нудење на заеднички решенија, затоа што ја сакаме Македонија.

Треба да знаете
Последни објави