Search

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што десет пати СДСМ ќе ја повтори една иста лага за енергетиката не станува вистина

СДСМ е шампион во нереализирани ветени проекти, 98% од ветени проекти немаат реализирано ништо. СДСМ е шампион во лажење и пласирање на лажни вести. СДСМ е светски шампион во спроведување на криминал и рекет. Лага е СДСМ вели дека „во времето на Мицкоски како директор на ЕЛЕМ струјата поскапе за 100 проценти увезувајќи енормно скапа струја“.

Во периодот од април 2015-та до август 2017-та година цената на струјата во сите три пресметковни периоди се намалува. Тоа го потврдува во своите извештаи и Регулаторната комисија за енергетика каде се гледа дека:

  • во периодот јуни 2015 – јуни 2016 година цената на струјата е намалена за 0.33%
  • во периодот јуни 2016 – јуни 2017 година цената на струјата е намалена за 0.25%
  • и во третиот извештај кој го мери периодот по јуни 2017-та до август 2017-та година цената на струјата е намалена за 0.25%.

Овие податоци се лесно проверливи, но Заев и СДСМ обожаваат да пласираат лажни вести во јавноста бидејќи знаат дека им се ближи крајот. Нема лага која времето нема да ја демантира, доаѓаат промени, доаѓа обнова на Македонија.

 

Треба да знаете
Последни објави