Search

ВМРО-ДПМНЕ: Техничкиот преглед на „Дурмо турс” добил забрана, а по неколку дена решението е поништено

Пред само 6 дена се случи кобна сообраќајна несреќа во која 15 невини луѓе го загубија несреќно животот, а уште толку се повредени и се наоѓаат на клиниките.

Сеуште не се утврдени точните причини од страна на МВР за сообраќајната несреќа која беше кобна за овие 15 луѓе.

Компанијата „ДУРМО ТУРС” која е сопственик и превозник чиј автобус излета од патот, била воедно и сопственик на станица за технички преглед „Авто мото здружение”- Гостивар.

Она што е сомнително е што истата „ДУРМО ТУРС” своите возила ги регистрирала токму во сопствениот технички преглед во Гостивар.

Станицата за технички преглед „Авто мото здружение”-Гостивар, добила забрана за вршење на технички преглед од страна на Министерството за внатрешни работи, но само по неколку дена  вршен е нов надзор и решението за забрана им е поништено.

Прашањето е зошто дозволил министерот иако по закон е изречена забрана за вршење на технички преглед во времетраење од 30 дена, да се изврши нов надзор за само  7 од 10 дена односно повторен увид и врз основа на записник и мислење од Бирото за јавна безбедност – сектор за сообраќајни работи да му издаде ново решение за работа, што е спротивно на закон за давање и одземање овластување за технички преглед.

Кој го потпишал записникот за увид,  кој излегол на увид и  со чија наредба иако знаел дека во законски предвидениот рок од 30 дена не смее да врши увид се отстранети сите  неправилности.

Дали за време на за забраната е вршен технички преглед, а потоа се дерегистрирани сите возила што се поминати за време на одземеното овластување. Зошто не е санкционирана станицата за вршење технички предглед за стореното кривично дело?

По закон станиците треба да го чуваат видео надзорот 12 месеци. Дали се извадени снимки од видео надзорот за да се утврди дали автобусот бил во станицата и на кој начин е вршен технички преглед?

-Одговорност мора да има и да се расветли случајот каде несреќно го загубија животот 15 луѓе и уште толку беа повредени. Оливер Спасовски мора да сноси одговорност и тоа уште веднаш- велат од Партијата.

Треба да знаете
Последни објави