Search

ВМРО-ДПМНЕ: Тевдовски да каже зошто има потфрлање на собраните даноци од 50 милиони евра

Денешната изјава на Драган Тевдовски дека приходите во буџетот за првите пет месеци се зголемени за 6,6 отсто е класична манипулација со која се служи оваа влада секојдневно, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението на министерот за финансии.

– Фактот дека за рок од 5 месеци тој и Заев создадоа дупка во буџетот од 3 милијарди денари. Тевдовски наместо да лаже како неговиот ментор Зоран Заев, нека собере сили да признае на јавноста на што се должи толкаво потфрлање на собраните даноци во висина од 50 милиони евра. Оваа дупка во буџетот преставува вовед во нов економски иден шок, нови потреси во државата, нови отежнувања на животот на граѓаните кои тонат во сиромаштија. Потфрлањето на Владата и на УЈП, 50 милиони евра разлика од планираното и реализираното даночење е показател дека економијата воопшто не блеска, платите не растат, економската активност е намалена и нема нови вистински инвестиции. ВМРО-ДПМНЕ ветува кога ќе дојде на власт, ќе се врати рамниот данок и веднаш ќе се намали акцизата на горивата за стабилизирање на македонска економија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави