Search

ВМРО-ДПМНЕ: Срамна и незаконска одлука со која се брише името на државата

Владата на Зоран Заев ја зави Македонија во црно. Со газењето на волјата на граѓаните, Заев и неговата криминална банда донесoa срамна и незаконска одлука со која се брише името на државата, се менуваат идентитетот, јазикот, културата и историјата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Заев гази се пред себе само со една цел, да се задржи на власт колку што е можно повеќе и да се богати преку тендерите во четири очи.

,,Државата стагнира веќе две години. Наместо реформи и проекти Заев посегна по распродажба на државни и национални интереси заради богатење на неговиот клан. Здравството секојдневно паѓа во невиден хаос, образованието се помалку функционира, а пак економијата е пред колапс.
Црнилата станаа секојдневие на македонскиот народ. Зоран Заев е синоним на црнило кое што и се случува на Македонија веќе две години. Време е Заев и неговиот криминален картел да си заминат од власта. Граѓаните црнилото ќе го тргнат со пенкало во рака на предвремените парламентарни избори”, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави