Search

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски „стопил“ милиони за чизми со сомнителен квалитет

Оливер Спасовски го претвори МВР во дувло на криминалот и негов заштитник. Три години Спасовски ја парализираше полицијата, ги деградираше полициските службеници, а во државата владееше беззаконие.

Секојдневно на површина се редат скандалите, матните набавки и зделки, тесните врски на Спасовски и Заев со криминалното подземје, а вчера изби уште еден скандал за сериозни прекршувања на процедурите и нови индиции за злоупотреба на службената положба.

Во крајно сомнителна постапка, Спасовски потрошил 15 милиони денари, пари на граѓаните на Република Македонија за набавка на 3.000 чизми со сомнителен квалитет кои не ги задоволувале стандардите на МВР по 4 критериуми.

Иако  фирмата која ја добила набавката не ги задоволува барањата од техничката спецификација на МВР и не ги почитувала роковите, Спасовски ниту го раскинал договорот, ниту ја активирал банкарската гаранција туку дозволил целата процедура да продолжи понатаму.

Согласно Законот за јавни набавки Спасовски бил должен да го раскине договорот и да ја активира банкарската гаранција, тој одлучил да ги чека чизмите и покрај сериозните забелешки, пропусти и отстапувања.

За Спасовски не било важно што две акредитирани лаборатории оцениле дека чизмите се надвор од стандардите, а не му било важно ни тоа што фирмата година дена доцнела со испорака и што изминал договорот. За него важно било да се исплатат парите и токму затоа изготвил и анекс на истечениот договор.

Јавноста мора да знае зошто Спасовски и покрај сите неправилности настојувал фирмата да ги испорача неквалитетните чизми и истата да биде исплатена.

Чие скриено сопствеништво се крие позади фирмата која ја добила набавката и зошто оваа фирма стана рекордер во добиени тендери за опрема во МВР?

Кој е уделот на Спасовски од набавката за да се дрзне на грубо кршење на одредбите на Законот за јавни набавки?

Три години сме сведоци на лажни заложби за стандардот на полициските службеници додека во позадина се кријат матни и криминални зделки. Очигледно дека интересите на Спасовски и на бизнисите блиски до Заев и СДСМ се поважни од полициските службеници во Република Македонија.

Одговорност за ова мора да има и ќе има. Му доаѓа крајот на криминално рекетарското работење на СДСМ. После 12 април следува обнова на Македонија и одговорност за сите криминали изминативе три години.

Треба да знаете
Последни објави