Search

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски и Заев наместо правда донесоа пазар со правдата во замена за милиони евра

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Оливер Спасовски

 

„Оливер Спасовски, Зоран Заев и СДСМ се синоним за пазарење со правдата.

Аболицираниот Зоран Заев во време кога беше под обвинение раководеше со Телото за реформи во судството и од реформите успеа да направи само повлекување на обвинение за случајот евро за Вицето – евро за црквата. Дури биле менувани закони за да може да добива ослободителни пресуди

Сите слушнаа како Зоран Заев предвидуваше обвиненија и пресуди и кажуваше за трас-трас одлуки кои судот ги носи.

Целата јавност виде како се носат милиони евра во торби и како се тргувало со правдата, па се зборува за 4, 5, 6, 8 милиони евра, а за таквите пари постои сведоштво дека завршувале кај браќата Заеви.

Оливер Спасовски и Зоран Заев се синоним за заштитници на криминалот.

Со Зоран Заев, Оливер Спасовски и СДСМ нема правда, а со тоа нема ни европска иднина.

СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“

 

 

Треба да знаете
Последни објави