Search

ВМРО-ДПМНЕ: Со неспособниот Заев државата стана рекордер по задолжување

Најавата за 4 нови инвестиции на Анѓушев се 4 нови лаги на оваа криминална и неспособна власт, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму истакнуваат дека владата за 2 години не донела ниту една странска Гринфилд инвестиција и не отворила нови работни места.

„Македонија наместо рекордер по економски раст, со неспособниот Заев станавме рекордер по задолжување. Извештаите покажуваат дека 500.000 луѓе живеат во сиромаштија. Крајот сме на јануари, а јавноста уште ја чека германската инвестиција на Заев, која е исто толку реална колку неговите ветувања за инвестиции на Гугл и Фејсбук во државава“, стои во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека откако СДСМ е на власт, економијата во државата е во слободен пад, а како што велат, граѓаните живеат се потешко.

„Заев вети просечна плата од 500 евра уште пред две години и не го реализира. Нема ниту повратот на 15% на ДДВ, нема ништо од зелената нафта за земјоделците, нема покачувањето на пензиите на пензионерите, туку напротив сега со законските измени им ги крати пензиите за цели 400 денари, нема ништо од долго најавуваната младинска гаранција, нема ни приближно 100.000 денари плата за младите специјализанти, нема ништо од ветените 600 километри нов автопат, 500 километри магистрални патишта и 1200 километри локални патишта, ништо од тоа не ни започна да гради, две години имаше застој, за сега да продолжи со довршување на проектите, кои ВМРО-ДПМНЕ ги започна“, наведуваат од опозициската партија и додаваат дека владата на СДСМ и Заев немаат ниту план, ниту програма.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека Македонија и граѓаните заслужуваат да живеат подобро, а излезот го гледа во предвремени парламентарни избори.

Треба да знаете
Последни објави