Search

ВМРО-ДПМНЕ: Состојбата со безбедноста во сообраќајот е хаос

Состојбата со безбедноста во сообраќајот е катастрофална. Граѓаните секојдневно гинат додека на Спасовски и Заев прв приоритет им е доделувањето на монополскиот бизнис со испитните центри на фирми без никакво искуство кои го исполниле единствениот критериум, а тоа е блискоста со картелот на власт, обвинува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Оливер Спасовски ниту врши контрола, ниту го интересира безбедноста на граѓаните. Хаосот на подрачјето на СВР Тетово кулминира. Пред два дена во село Доброште, Тетовско црниот биланс беше две жртви во сообраќајна незгода. Се возат нерегистрирани автомобили, се врши несоодветен технички преглед, не се почитуваат сообраќајните правила, а Спасовски не реагира.
МВР е во хаос, а непостапувањето завива десетици семејства во црно“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата додава дека се уште нема официјални информации за катастрофалната несреќа во која животот го загубија 15 граѓани. Велат, Спасовски мора да одговори пред граѓаните дали и зошто на станицата за технички прегледи „Авто мото здружение“- Гостивар, чиј сопственик е сопственикот на „ Дурмо турс “ откако и била одземена дозволата за работа од страна на МВР, потоа и била вратена за неполна недела дена, иако според закон тоа не можело да се случи за период пократок од 30 дена.

„Поради кои причини е одземена дозволата за работа на техничкиот преглед каде регистрација врши „ Дурмо турс “ и по кои основи истата е вратена? Кој го потпишал решението за враќање на дозволата за работа, иако постоела законска пречка, Но и дали се вршени регистрации во рокот кога техничкиот преглед немал лиценца? Уште колку животи треба да згаснат за Спасовски конечно да преземе одговорност? Граѓаните немаат информации, што е причина за несреќата, ниту пак околностите во кои настанала“, прашува опозицијата.

Треба да знаете
Последни објави