Search

ВМРО ДПМНЕ се плаши од Законот за ЈО и работи во заштита на Груевски и обвинетите во предметите на СЈО  

Соопштение за јавност – реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за ЈО

Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ по нарачка на Груевски носеа над 50 закони преку ноќ со цел да ги заштитат личните и партиските интереси. ВМРО ДПМНЕ знае дека носењето на Законот за Јавно обвинителство значи првна разрешница за сите судски случаи во кои обвинети се  нивни поранешни функционери, а меѓу нив и Никола Груевски, менторот на Христијан Мицкоски.

Вистината е дека во законот нема скриена амнестија, секој за кој постои обвинение ќе си одговара пред институциите и тоа ВМРО ДПМНЕ го знае и оттука е нивниот револт против ова законско решение. Законот гарантира дека сите судски процеси кои произлегуваат од СЈО ќе добијат своја правна разрешница пред надлежните судови, низ професионална и фер постапка, базирана на докази.

Кон содржината на Предлог-законот беа вградени и голем дел од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, за кои се застапуваше и се избори независната пратеничка група. Додека заеднички се работеше на изнаоѓање на заедничко решение, ВМРО ДПМНЕ на чело со Мицкоски правеа се, овој Закон да не се најде пред пратениците.

Законот за Јавно Обвинителство ги овозможува неопходните услови за владеење на правото во нашата земја и за конечна и темелна изградба на правната држава. Усвојувањето на овој Закон ќе биде голем придонес кон европска интеграција на земјата, и уште еден аргумент за Европската Унија да донесе позитивни одлуки за почетокот на преговорите на Република Северна Македонија за членство во Унијата, што е особено важно за граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави