Search

ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш кога Филипче се фали дека пикот поминал, имаме нов црн рекорд како последниот од 41 починат, „аман не се фали“

Секогаш кога Филипче се фали дека пикот поминал, имаме нов црн рекорд како последниот од 41 починат, или што би рекол народот „аман не се фали доста е“.

Поради поразителните бројки во изминатото деноноќие од 1.022 заразени и 41 починат Филипче и министерството за здравство шверцерски и доцна во ноќта ги објавуваат бројките на заболени и на мртви од корона вирусот.

Лагите нa премиерот на заминување Заев и Филипче дека се е под контрола доведоа до 1.699 прерано згаснати животи. 1.699 изгубени животи заради неодговорното однесување на Заев и Филипче кое ги остави без соодветна и навремена болничка грижа.

Граѓаните со висока температура, пневмонија и омалаксани очајно чекаат пред КОВИД центрите на минусни температури да бидат примени додека Филипче води пропаганда. Несериозноста на министерот за здравство ја чини Македонија се повеќе човечки животи кои немаат цена.

Дека Филипче нема поим како да се справи со КОВИД-19 кризата говори и фактот дека само 15% од населението е тестирано додека во другите држави тестирањето достигнува до 60%.

Македонија бележи рекорди по број на починати во споредба со другите европски држави.

И додека Филипче вели дека епидемијата се смирува рекорден број на 41 лице синоќа го загубија животот како резултат на неспособноста на министерот за здравство. Со Филипче на чело црните рекорди стануваат секојдневие.

Филипче мора да престане да лаже дека се е под контрола и да си даде оставка. Со секој изминат ден погубните политики на владата и Филипче ја чинат државата ново згаснати животи. Граѓаните не се должни да умираат заради суетата Филипче кај се стави во служба на премиерот во заминување Заев, а не на доктор. Поради сите жртви и промашени политики, оставка веднаш.

Треба да знаете
Последни објави