Search

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја потврди автентичноста на бомбата за мафијата на Заев, тој бил премиер и врховен судија

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Хари Локвенец

„СДСМ ја потврди автентичноста на аудио разговорот за мафијата на Заев. Во тој разговор се гледаат три работи:

Прво, криминалецот Зоран Заев е во исто време премиер и врховен судија, договара одлуки на Врховниот суд и се фали дека без него не се може во судството.

Второ, криминалецот Зоран Заев вели трас-трас Врховен суд ќе донесе одлука по желбата на Заев, а Катица Јанева го знае тоа и ги движи работите по тој терк.

Трето, криминалецот Заев договара закон за јавно обвинителство кое ќе ги падне случаите, ако не тука е Врховен тоа да го направи. Видовме дека криминалецот Зоран Заев бил близок со Јово Вангеловски кого пред медиумите лажно го напаѓа. Зоран Заев е главата на октоподот. И главниот сатрап на судството.

Криминалецот Зоран Заев е во исто време премиер и врховен судија. Клучен доказ дека мафијата има своја држава. Денес Зоран Заев треба да е со лисици на раце и да одговара за своите злодела.“

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави