Search

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши да излезе на предвремени избори

СДСМ се плаши од граѓаните кои го прочитаа и затоа не се осмелува да го прифати предизвикот и да излезет на предвремени парламентарни избори. СДСМ знае дека со техничка влада нема да може да фалсификува и да мести тендери, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ бега од соочување со граѓаните и сака уште две години власт, злоупотребувајќи го буџетот за богатење на поединци. Власта не ја почитува волјата на граѓаните и извршува незаконски и неуставни дејствија со објавувањето на законот за двојазичност во ‘Службен весник’.

Талат Џафери, директорот на Службен весник и сите останати кои ги прекршија законите ќе одговараат.

Власта ја блокира иднината на Македонија, која со вакви правни преседани се затрупува во кривични дела секој ден. За да има демократија треба да се почитува правото, затоа што тоа е рамка на успешно функционирање на државата како целина.

Демократијата е единствено остварлива доколку се почитуваат правата на граѓаните, процедурите според кои се носат законите и законското работење на институциите, без тоа СДСМ и Заев можат само да сонуваат дека ќе ја однесат Македонија во ЕУ и НАТО.

Граѓаните не ги заборавија многубројните изјави на Зоран Заев со ветувањата дека на Македонија нема да ѝсе случи двојазичност. Граѓаните на избори ќе знаат да проценат кој навистина ја погазува волјата на мнозинството“, се вели во реакцијата на опозициската партија.

Треба да знаете
Последни објави