Search

ВМРО- ДПМНЕ: СДСМ секогаш се вади со укинувањето на радиодифузната такса

Секогаш кога СДСМ ќе се соочи со фактот дека граѓаните живеат во беспарица и осиромашуваат се вадат на укинувањето на радиодифузната такса. Ова е лицемерно, дотолку повеќе што во меѓувреме пораснаа акцизите на нафтата, цените на мало, трошоците за живот и  потрошувачката кошница.

И новата мерка за поврат на ДДВ не е ништо друго, туку популизам од кој што граѓаните нема д а имаат никаква корист освен најбогатите.

Мерката за поврат на ДДВ не ништо повеќе од мачкање на очи на граѓаните затоа што од неа единствено бенефит ќе имаат богатите како семејството на премиерот Заев и функционерите од власта.

Според потрошувачката кошница која вели дека едно семејство му се потребни 33.000 денари во месецот, повратот на ДДВ ако се земат во предвид основните трошоци, каде повеќето се со 5% данок,  парите кои ќе се добијат се минимални 156 на месечно ниво.

Ова што сега власта на Заев сака да го спроведе не е ни блиску од тоа што го ветуваше за изборите  кога кажуваше дека едно четиричлено семејство ќе добие поврат од 500 евра и со нив ќе може да оди на летување, зимување или  да реновира детска соба и ред други лаги со кои манипулираа.

Кога ќе се земе фактот дека над 70% од граѓаните земаат плата помала од просечната, ова значи дека македонските граѓани никогаш нема да ги добијат ветените 500 евра поврат на ДДВ кои толку помпезно им ги најавуваат.

Доколку власта се грижи за граѓаните ќе ги намали даноците, ќе го укине покачувањето на акцизата и ќе се фокусира кон реализација  на капитални проекти од кои граѓаните навистина ќе имаат некаква корист.

Треба да знаете
Последни објави