Search

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува со реализација на проектите на ВМРО-ДПМНЕ

Добро е што СДСМ продолжува со реализација на проектите на ВМРО-ДПМНЕ, но лошо е што доцни цели пет години и што ги лаже граѓаните дека нешто самите смислиле, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ напрес-конференцијата на Владата на Република Македонија која се однесуваше на доделувањето на сертификат на првиот Овластен економски оператор.

Лагите и манипулациите нема да и помогнат на власта да ја скрие својата очигледна неспособност за подобрување на економската состојба во државата и животниот стандард на граѓаните.

Имено денеска лично Заев се пофали со доделувањето на наводно првиот сертификат за овластен економски оператор. Ова е уште една класична манипулација со оглед на фактот што претходната влада уште во 2013 година го додели првиот сертификат, односно уверение за овластен економски оператор  на компанијата Џонсон Контролс Македонија Дооел.

Имено ваквиот статус за овластен економски оператор дава низа на поволности, а пред се  поедноставен пристап кон царинските поедноставувања, помал број на документарни и царински контроли. За жал ова е само уште една од низата лаги кон граѓаните изречени од Зоран Заев. Модернизација на царинското и надворешно-трговското работење не значи промовирање на проекти на ВМРО-ДПМНЕ стари речиси шест години“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Розевите очила и лагите и манипулациите со јавноста нема да го подобрат животот на граѓаните, и нема да го кренат животниот стандард, како и да ја подобрат економската состојба во државата, се посочува во реакцијата

 

Треба да знаете
Последни објави