Search

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ манипулираат, трудот на земјоделците не е вреднуван

СДСМ преку своите бледи соопштенија се обидуваат да ги манипулираат граѓаните, дека во Македонија тече мед и млеко, реагира ВМРО-ДПМНЕ во врска со објавата дека откупот на тутнoт е целосно завршен.

„Земјоделците го почувствуваа „Животот“ кој го ветуваше и донесе СДСМ. Земјоделците почувствуваа што значи, нивниот труд да не биде вреднуван од Владата, откупните цени да бидат ниски и да немаат пласман за своите производи. СДСМ за овие две години создаде енормен хаос во земјоделието. Субвенциите се намалени, исплатата доцни, а откуп нема.

Заев пред избори ветуваше дека откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да откупи, истиот ветуваше поголеми откупни цени, за сега по избори ништо од тоа да не е случај. СДСМ го уништи земјоделието за овие две години, затоа СДСМ ќе биде казнет“, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Треба да знаете
Последни објави