Search

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Зоран Заев трета година ја опустошуваат македонската економија

.          Во време кога економијата е на дното, а граѓаните се повеќе  сиромашни, власта буџетот го троши на популистички мерки со краток ефект наместо на развојни проекти како што се капиталните инвестиции.

Неспособната власт на СДСМ за првите 7 месеци од 2019 година има реализирано мизерни  24,5 капитални инвестиции. Тоа кажува дека власта парите на граѓаните наместо за развој, расипнички ги троши на непродуктивни трошења и предизборна корупција.

Дека СДСМ не може да ја подобри економијата говори и фактот што бројот на странски директни инвестиции никогаш не бил понизок. Во ситуација кога земјите од регионот имаат рекорден раст, Македонија со СДСМ има рекорден пад од дури 84,2% за периодот јануари – јуни во однос на ланската година.

Во првите два квартала на 2019 година имаме 48,7 милиони евра странски директни инвестиции, додека пак Србија има 1,7 милијарди евра,  Словенија 561 милион,  а Бугарија 286 милиони евра. По глава на жител Србија има 543 евра СДИ, Словенија 280  евра,  Бугарија околу 40 евра, а Република Македонија  на дното со само 24 евра по глава на жител. Тоа значи во привлекувањето на инвестиции дека Бугарија е два пати подобра од Македонија, Словенија околу 11 пати, додека пак Србија е 22 пати подобра од Македонија во странски директни инвестиции.

Заради погрешните економски политики на власта пад бележи и бројот на работници во индустријата кој за една година е паднат за 2,5% односно на секои 100.000 работници, сега имаме 2.500 помалку, а лош резултат бележи и градежништвото каде реализацијата е ниски 24,5%.

Додека економијата тоне и  500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, единствено со оваа власт што растат се корупцијата и јавниот долг кој надмина 5 милијарди со што веќе е надмината психолошката граница од 50% од БДП.

Наместо економска година како што ветуваа, со СДСМ и Заев веќе трета година добиваме економско фијаско и се повеќе граѓани и бизниси доведени до питачки стап. Токму затоа што поскоро неопходни се предвремени парламентарни избори за да оваа криминална власт си замине и  Република Македонија конечно  да може да напредува.

Треба да знаете
Последни објави