Search

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев ја враќаат Македонија во времето на транзиција

Власта на СДСМ и Зоран Заев ја клекнаа македонската економија на колена.

Ветуваа капитални инвестиции, покачувања на плати и пензии, младински гаранции, а од сето тоа испорачаа само афери како што се „Рекет“, „Кеш“, криминални тендери.

Ветуваа на пензионерите дека секоја година за 1-процент ќе им ги зголемуваат пензиите, а во 2017-тата на први јануари, истите тие пензии кои што со години наназад беа зголемувани им ги намалија. Го укинаа столбот каде што пензиите се нивелираа соогласно порастот на просечната  плата и така секој пензионер во втората половина од 2019-тата загуби месечно по најмалку 700-тини денари.

Заев и СДСМ пред избори на младите им ветуваа младинска гаранција. Ветуваа и вистинско образование, реформирано образование, високо образование. На крај младите не добија ништо.

Земјоделците од ветените високи субвенции и загарантиран откуп за нивните производи, не добија ништо. Нивните производи секојдневно завршуваат на буниште поради незаинтерисираноста на оваа криминогена власт.

СДСМ и Заев ја враќаат Македонија во времето на транзиција, кога преку ноќ народот остануваше без работа.

Ветуваа рекордни странски инвестиции во Република Македонија, но според податоците од третиот квартал, последни сме во регионот и во Европа. Земјите од регионот се први по странски инвестиции бидејќи имаат систем кој што функционира, а не политичари кои што рекетираат.Знаат да донесат квалитетна странска инвестиција, а не да ги бркаат со уцени рекети и закани.Поради лошите политики на владата на Заев, Македонија нема да се помести ниту скалило од последното место.

На сето ова ќе дојде крај, а крајот ќе се случи на 12 април, кога оваа власт ќе замине на темните страници од историјата и ќе започне обнова на Македонија. Обновата ќе започне кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира својата влада и кога ќе започне ера на реални и успешни мерки за доброто на државата и граѓаните.

 

 

Треба да знаете
Последни објави