Search

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ игра на картата на црни сценарија

Хари Локвенец исто како и неговиот партиски шеф Зоран Заев ја најави победата на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните предвремени парламентарни избори.

Во СДСМ се свесни дека ја напуштаат власта и токму затоа во паника и страв од одговорност пред граѓаните измислуваат црни сценарија за крај на светот, за да ги оправдаат нивните штетни политики.

Капитулантскиот преспански договор со кој Заев и СДСМ ја свиткаа кичмата и ги продадоа националните и државни интереси беше потпишан единствено за да се спасат криминалите на Зоран Заев.

Договорот на македонските граѓани не им донесе подобар живот, но затоа донесе заробени институции, секојдневни престрелки по улиците и афери како „Рекет”, „Сархемс”, „Леонардо”, но и крвави тендери и концесии за марихуана од кои единствена корист имаат Зоран Заев и неговата криминално рекетарска банда.

Граѓаните не ги добија економскиот бум, не ги добија новите болници, автопатишта, училишта, студентски домови, странски гигантски инвестиции, а не добија ни почист воздух но затоа добија сиромаштија и беда.

Затоа во СДСМ се одлучија да играат на картата на црни сценарија, бидејќи се свесни дека дојде денот кога треба да ја сносат одговорноста за сите измами, криминали и порази кои ги нанесоа во изминативе три години.

ВМРО-ДПМНЕ доколку обезбеди двотретинско мнозинство ќе стори се што е можно за да ги коригира штетите кои Зоран Заев и ги направи на Република Македонија. Tоа не значи дека Македонија нема да биде дел од НАТО или дека ќе има помалку странски инвестиции. Напротив, Македонија ќе биде горд сојузник на нашите стратешки партнери, а странски инвестиции ќе има многу повеќе отколку сега.

Крајот на светот за Република Македонија и граѓаните нема да дојде, но ќе дојде крајот за Зоран Заев и СДСМ. После 12 април следува обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе.

Треба да знаете
Последни објави