Search

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за ситуацијата со корона вирусот се со главата во песок

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Ненад Коциќ.

 

 „Денес СДСМ излезе со прес конференција која е дел од рубриката верувале или не, со која се фали за начинот на справување со здравствената криза.

Едно нешто е очигледно – или не се информирани или се со главата во песок.

За каква координираност во здравствениот систем зборуваат?!

Нека ја извадат главата од песок и ќе видат дека само за едно деноноќие има 40 новозаболени. Оваа бројка покажува дека се им е надвор од контрола.

И не само новозаразени, туку повторно има и зголемување на бројката на починати.

Прес конференциите на владеачката партија, партијата која ја предводи владата веќе не се ни смешни, туку се повеќе трагични. На вакви бројки Заев турка на сила избори, со тоа народот го турка во гилотина.“

 

Треба да знаете
Последни објави