Search

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за овие три години го унапреди само криминалот

СДСМ за овие три години го унапреди само криминалот. Мерките на оваа влада не се ниту искрени, а најмалку ефективни. Kриминалната влада на СДСМ првин треба да ги подмири плаќањата кон граѓаните за изминатите три години, па дури тогаш  да ветува нешто друго.

СДСМ уште им должи на земјоделците субвенциите од 2017 и 2018 година.

Се што вети Заев, ништо нема остварено. На повидок ги нема загарантираниот откуп и високите откупни цени. Овие три години родот на земјоделците завршуваше на буниште.

Заев лажеше пред три години и продолжува без срам да лаже. Земјоделците веќе не му веруваат и затоа крајот ќе му дојде на 12 април.

 

Треба да знаете
Последни објави