Search

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да одговори дали вчера на ЦО присуствувале  Кики и Фрики?

Зоран Заев е главата на октопод во рекетарската приказна.

СДСМ да одговори дали вчера на ЦО присуствувале  Кики и Фрики?

Зошто Заев ги амнестира од одговорност? Дали се плаши дека доколку каже кој се Кики и Фрики може да биде откриено неговото директно учество во рекетарската приказна а граѓаните да дознаат колкав процент земал?

СДСМ да ги извади розевите наочари  и да види дека во Македонија освен рекетот, криминалот, корупцијата, заканите, уцените и поткупот, друго ништо не функционира.

Граѓаните со оваа криминална влада живеат се полошо.

СДСМ и Заев се свесни дека им паѓа рејтингот и се плашат да распишат предвремени парламентарни избори.

СДСМ и Заев се плашат да се соочат со волјата на граѓаните.

За Македонија да оди напред Заев и СДСМ мора да си заминат.

Граѓаните и Македонија заслужуваат промени.

Треба да знаете
Последни објави