Search

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во Штип не направи ниту еден проект 3 години, единствено ја злоупотребуваа власта за лично богатење на Бочварски

Љупчо Николовски и Сашко Николов безочно ги лажат граѓаните на Штип. Како што знаат само во СДСМ Љупчо Николовски и Сашко Николов се расфрлаат со ветувања за граѓаните на Штип. Тие и сега како и пред три години немаат што да им понудат на граѓаните освен лаги.

3 години не реализираа ниту 5 проценти од програмата на претходните локални избори. 3 години не направија ниту еден капитален проект, ја нема гасификацијата, ја нема браната, ја нема жичарата.

Гледаме дека во овие 3 години власт на СДСМ во Штип единствено функционира делењето на тендери на фирмите на Бочварски.

СДСМ, Николовски и Николов молчеа за злоупотребите за тендерите. Наместо да ги спречуваат ги охрабрувале.

Затоа граѓаните на Штип немаат доверба во тоа што го кажуваат СДСМ.

Затоа СДСМ организира избори во кризна состојба и го изложуваат во опасност здравјето на граѓаните само за да го покрие своето неработење и злоупотребите кои ги имаат направен во Штип.

Треба да знаете
Последни објави