Search

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во очај единствен спас бараат во лажните вести кои што ги креираат и лиферуваат

Соопштение до јавноста на ВМРО-ДПМНЕ, реакција на соопштението на СДСМ

„СДСМ во очај единствен спас бараат во лажните вести кои што ги креираат и лиферуваат.

ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски имаат принципиелен став кој го презентираат секогаш и секаде, а тоа дека поддржувале и ќе поддржуваат се она кое што е во прилог на граѓаните и на Република Македонија. Но во никој случај ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски не може да прават компромиси со јазикот и ликот и делото на Гоце Делчев кои биле и ќе останат македонски.

СДСМ се обидува на секој можен начин своите погубни национални и државни политики да ги припишува и на други, ама не може. Дури и со медиумски хајки и лажни вести не може да се покрие фактот дека Зоран Заев направи штетни договори со кои го раскрчмува идентитетот  на народот, јазикот и државата. Со тоа мнозинството во Македонија и ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласат.

Казната за погрешните политики, Заев и СДСМ ќе ги стасаат многу скоро и нема да ги спасат лажните вести пишувани и лиферувани од нивните политичко-медиумски кујни.“

Треба да знаете
Последни објави