Search

ВМРО-ДПМНЕ: Раководни структури на Интегра преминуваат во нашите редови

Досегашни раководни структури на политичката партија Интегра преминуваат во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, велат од опозициската партија.

Денеска по тој повод, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе оствари средба со раководството на Интегра.

Како што најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ, состанокот е во насока на најавеното окрупнување на опозицијата, а во 12.30 часот ќе бидат дадени изјави за медиумите.

Треба да знаете
Последни објави