Search

ВМРО-ДПМНЕ: Просечната плата не расте, туку се намалува

Криминалната власт на СДСМ и Зоран Заев ја уништи македонската економија и им донесе сиромаштија на македонските граѓани, реагира ВМРО-ДПМНЕ по објавата на СДСМ за растот на просечната плата.

„Просечната плата, наместо да расте, се намалува. Граѓаните земаат помала просечна плата и тоа помала за 1.200 денари.
Според податоците на ДЗС просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2019 година изнесува 24.517 денари. А, пак просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2018, изнесува 25.784 денари, со што сега има намалување за 1.200 денари. СДСМ тотално потфрли на економски план. Заради лошите економски политики на власта, граѓаните се се повеќе сиромашни. Преку 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, а власта дополнително удира по нивниот џеб“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Опозициската партија додаде дека за неспособноста на СДСМ, говори и фактот што во јануари реализацијата на капиталните инвестиции изнесувала срамен 1 отсто, а извозот бележел пад од 1,9 процент, споредено со минатата година.

„Да биде уште потрагично имаме пад од дури 12,6 проценти во ИТ индустријата“, додава ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави