Search

ВМРО-ДПМНЕ: Промената на името и двојазичноста се хипотеки на Заев заради кои доби власт

Борбата на ова генерација е со црнилата кои надвиснаа над Македонија, црнила олицетворени во криминалната и одродена власт на аболицираниот Заев. Истиот оној Заев кој со 81 глас во Собранието го погази гласот на 2 милиони граѓани, Заев кој го промени името, идентитетот, јазикот и историјата на македонската држава и сопствениот народ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Борбата на генерацијата е со црнилата на Заев, кој насила ја турка двојазичноста во Македонија и Законот за јазици кој е спротивен на македонскиот Устав.
Промената на името и двојазичноста се хипотеки на Заев заради кои доби власт без изборна победа и со погазување на волјата на граѓаните. Заев не им вети на граѓаните променето име на државата, Устав, двојазичност. Заев не им вети црнила на граѓаните, не им вети повисоки давачки кон државата, криминални тендери и грантови, Кацарска судство и Рускоска обвинителство.

Животот дојде за малкумина од врхушката на власта и СДСМ, оние кои ги испумпуваат буџетски средства, оние кои се богатат на грбот на македонскиот граѓанин и се одржуваат на власт благодарение на поразите кои и ги нанесуваат на Република Македонија.

Предвремените парламентарни избори се единствен начин на кои што македонските граѓани можат да ги поразат црнилата олицетворени во криминалната и одродена власт на чело со аболицираниот Заев“ стои во соопштението на опозициската партија.

Треба да знаете
Последни објави