Search

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивни политики и лажни вести, затоа останува опозиција и по изборите

Соопштение за јавност- реакција на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ

„Штанцањето на лажни вести од страна на ВМРО-ДПМНЕ стана секојдневие. Во отсуство на идеи и и реални конкретни мерки, ВМРО-ДПМНЕ креира лажни сценарија кои веднаш им се побиваат.

Истата таа партија која не се огради од криминалите од своите редови до ден денешен, секојдневно креира непостоечки случаи за криминал, кои експресно се демантирани.
Нема ништо спорно во набавката на обрасци за лични документи, постапката е спроведена и договорот е склучен согласно Законот за јавни набавки. Во конкретниот случај се работи за реномирана германска компанија во која 40 % сопственик е државата Сојузна Република Германија.

СДСМ ги охрабрува и поддржува институциите до крај да ги расчисти сите наоди за кои лажно обвинува ВМРО-ДПМНЕ иако станува збор за паушални обвинувања кои се резултат на безидејноста во белиот двроец.

На граѓаните одамна им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ е потоната во очај и безидејност и затоа на 12 април граѓаните ќе го казнат таквото деструктивно однесување на опозициската партија.

Граѓаните на 12 април ќе порачаат режим – никогаш повеќе!“

Треба да знаете
Последни објави